| четврток, 6 декември 2018 |

Како лидерите на СДСМ поднесуваат пораз: Заев најкукавички, Бучковски најдржавнички

zoran-zaev-press-2

Зоран Заев не знае да поднесе пораз. Не знае да признае дека губи. Тој вчера наместо да честита за убедливата победа, излезе со став дека СДСМ не ги прифаќа резултатите од овие избори. Ова е досега најкукавички настап на лидер на СДСМ.

Да се потсетиме на изјавите на лидерите на СДСМ по добивањето на резултатите по парламентарните избори.

2006 година – Бучковски: Победник е Македонија

Vlado-Buckovski-6

Бучковски како лидер на СДСМ во 2006 година ги загуби избрите освојувајќи 32 пратенички места, наспроти 45 на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој тогаш им честиташе на граѓаните за успехот да се спроведат фер и демократски избори, но ја честиташе и победата на тогаш опозициската коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

– Ќе бидеме опозиција во парламентот која конструктивно ќе продолжи да ја поддржува европската интеграција на Република Македонија – изјави лидерот на СДСМ, признавајќи го поразот на коалицијата на чие чело беа социјалдемократите.

Бучковски го призна изборниот пораз, но изрази задоволство од организацијата на фер и демократски избори. Бучковски рече дека победник е Македонија бидејќи гласањето било слободно и чесно.

Амбасадата на САД тогаш го поздрави државништвото што премиерот Владо Бучковски го покажа во говорот со кој го призна поразот.

2008 година -Шекеринска: Не го загубив чистиот образ

RadmilaSekerinskaFot

Лидерката на СДСМ во 2008 годиа Радмила Шекеринска го имаше најубедливиот пораз што СДСМ го има доживеано на парламентарни избори. СДСМ тогаш беше предводник на „Сонце – Коалиција за Европа“, освојувајќи само 218.463 гласа.

Шекеринска тогаш рече дека одговорноста за изборниот пораз ја презема таа како лидер на СДСМ, најголемата партија во коалицијата „Сонце“.

– Но, и во победите и во поразите никогаш не го загубив чистиот образ и дадениот збор. Како опозиција ќе останеме верни на нашите цели – Македонија во догледно време да стане членка на ЕУ и НАТО. Без оглед на изборните резултати нема да дозволиме да зајде македонско сонце, изјави Шекеринска.

Таа и честиташе победата на коалицијата „За подобра Македонија“, но додаде дека цената што ја плати Република Македонија на овие избори е сепак превисока поради човечките жртви, насилствата и инцидентите.

– Се надевам дека коалицијата на власт тоа ќе земе предвид и оти ќе сфати дека вакви избори се недозволиви, рече Шекеринска.

Иако имаше катастрофален исход, таа најде светла точка. Им се заблагодари на сите граѓани кои ја поддржаа Коалицијата „Сонце“ и на нивните активисти, кои, како што рече, за само дваесетина дена успеале резултатот од 3:1 да го намали на 2:1 и покрај заканите и притисоците.

– Ова ќе нѐ направи посилни. Ова е тимот со кој продолжуваме напред кон иднината – истакна лидерката на СДСМ, Радмила Шекеринска.

2011 година – Црвенковски: Народот е во право дури и кога греши

branko-crvenkovski

Народот е секогаш во право, дури и кога греши, со овие зборови се обрати лидерот на СДСМ по поразот на парламентарните избори  во 2011 година.

– До сите граѓани упатувам благодарност што беа храбри и одважни да гласаат за нас. Огромна поддршка се 370.000 гласа. И покрај сѐшто се случуваше во изминаати 2 месеци, упатувам честитки до Груевски за изборениот резултат – рече Црвенковски.

Тој порача дека битката допрва почнува.

– Ако не видовте што направивме со 18 пратеници, допрва ќе видите што ќе направиме со 43. Не запираме тука, ќе дадеме сѐ од себе во наредниот период. Времето на СДСМ допрва доаѓа, тоа ви го гарантирам – рече Црвенковски.

2014 година – Заев: Овие избори не ги признаваме

zoran-zaev-press-1

Власта на Никола Груевски го узурпираше правото на граѓаните на Република Македонија за слободно изразување на нивната волја. Вршена е целосна системска контрола врз гласачите. Го злоупотребија целиот државен систем во свој партиски интерес.  Припадниците на полицијата се инволвирани во вршење притисок врз гласачите. Партиските штабови на опозицијата беа под надзор на специјалните единици на полицијата. Овие избори не ги признаваме. Бараме итно да се формира техничка влада – изјави Заев по завршувањето на изборниот молк, а потоа во седиштето настапи молк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top