| четврток, 6 декември 2018 |

Зиков: КПМ нема да има пратеник

KPM-300-x-250-copyКоалицијата за позитивна Македонија нема да има претеник во македонскиот парламент. Кампањата која се водеше во Македонија во последните дваесет дена влијаеше на овој резултат, изјави на денешната прес конференција, претседателот на АПМ, Љупчо Зиков.

„Моментално резултатите  на 59 отсто од обработените гласачки места во државата не даваат за право да бидеме задоволни, напротив ние сме разочарани со постигнатиот резултат. Коалицијата за позитивна Македонија ќе нема пратеник во македонскиот парламент. Сакаме да укажеме на тоа дека камањата која се водеше во Република Македонија  во последните 20 дена влијаеше за овој резултат. КПМ смета дека на еден начин е и жртва на својата наивност која можеби стои дека сме заробеници на нашата визија бидејќи водиме позитивна кампања и укажуваме што треба коалицијата да работи за граѓаните, наместо да плукаме и навредуваме политички конкуренти. Мислам дека ако се гледа од овој аспект резултатите се логични исто како што се сите анкети без разлика дали се провладини или проопозициски. Сепак демократски е да ги почекаме конечните резултати за да можеме подетално да ја видиме сликата во Република Македонија“, истакна Зиков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top