
Претседателот на ДИК Никола Рилковски на последна прес конференција за денеска, соопшти дека од досега изработените избирачки места за вториот круг претседателски избори, изброени се 661.945 гласови. Според овие податоци Ѓорге Иванов има 373.914 илјади гласови, а Стево Пендаровски 264.659 гласови.
На предвремените парламентарни избори , од изработени 2.743 избирачки места, гласале 797.021 гласачи или 62,52% и тоа:
ВМРО-ДПМНЕ 345.724 гласови (43,38%)
СДСМ 194.760 гласови (24,44%)
ДУИ 112.836 гласови (14,16%)
ДПА 49.836 гласови (6,25%)
Во однос на изборите, претседателот на ДИК соопшти дека Државната изборна комисија успешно ги организирала изборите од технички аспект.
Во овој момент дик нема да дава официјална проценка. Треба да почекаме, политичките партии и кандидатите за претседатели да го искористат правото на приговори во рок од 48 часа , за од податоците да имаме права слика да видиме како се одвиваа самите избори и да донесеме конечни одлуки и да дадеме евентуално проценка, рече Рилковски кој не сакаше да ја коментира одлуката на претседателот на СДСМ Зоран Заев да не ги признава резултатите.
Рилковски најави дека конечните резултати очекува да бидат подготвени до утре на пладне кога е можно да ги соопшти на нова прес конференција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


