| четврток, 6 декември 2018 |

Во Куманово до 13 часот гласале 27 отсто од гласачите

glasanje 07 (Custom)

Во Куманово до 13 часот за вториот круг од претседателските избори излезеноста е 27 отсто, а за предвремените параламентарни 28 проценти.

Според претседателката на Општинската изборна комисија (ОИК) Виолета Арсовска, гласањето се одвива непречено. Право на глас имаат 90.460 лица заедно со дијаспората на вкупно 167 избирачки места.

Во општина Старо Нагоричане каде гласањето, исто така се одвива во најдобар ред, до 13 часот излезеноста за  претседателските избори е 28,17 отсто, додека за парламенарните 28,38 проценти.

Во фер и демократска атмосфера гласаат и избирачите во Липково. До 13 часот излезеноста е 2,39 отсто за претседателските и 23,74 проценти за парламентарните избори. Оваа општина брои над 23.000 граѓани со право на глас во 36 избирачки места.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top