Во општините од југоисточниот регион повеќе од три пати е зголемен одѕивот на гласачите до 13 часот споредено со резултатите од 10 часот.
Од Општинската изборна комисија во Гевгелија информираа дека заклучно со 13 часот, од евидентираните 19.509 гласачи, за претседател на државата гласале 7.029 лица кои истовремено гласале и на вонредните парламентарни избори, или во процент на избори излегле 36,1 отсто од гласачите.
Во општина Богданци до 13 часот на избори излегле 2.703 лица на претседателските избори, односно 2.707 лица на вонредните парламентарни избори, што во просек изнесува 39 отсто од гласачкиот список на кој се запишани вкупно 7.009 гласачи.
Трикратно е зголемен процентот на излезеност и во општина Дојран каде на осум избирачки места гласале 981 граѓанин на претседателските, односно 979 граѓани на вонредните парламентарни избори што претставува 35,3 отсто од евидентираните гласачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.