Речиси половина од пријавените гласачи за парламентарните избори на избирачкото место 5003 во Седмата изборна единица во Брисел го оствариле своето гласачко право до 17 часот.
Според претседателот на Избирачкиот одбор во Дипломатско-конзуларното претставништво на Република Македонија во Кралството Белгија, Даим Илјази, 365 од 777 пријавени гласачи веќе го оствариле своето граѓанско право, додека 71 од 98 пријавени тоа го сториле за претседателските избори.
– Изборите течат во мирна атмосфера и најдобар ред. Речиси половина од пријавените за парламентарните го остварија своето право, но очекуваме до затворањето на гласачките кутии во 19 часот таа бројка значително да се зголеми, со оглед на тоа што голем дел од македонските државјани денеска се на своите работни места во Брисел, изјави претседателот на избирачкиот одбор Иљази.
Досега, единствен проблем на денешното гласање во Брисел е што околу 70-тина македонски државјани, иако пријавени, поради различни пропусти при поднесувањето на пријавата за гласање, од Државната изборна комисија не биле заведени во избирачкиот список, па иако се појавија на гласачкото место, тие не добија можност да го остварат гласачкото право. Едно лице беше спречено од членовите на избирачкиот одбор, да гласа заедно со својата сопруга зад параванот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да гласаме за нашите: Македонската судиска двојка номинирана за најдобра во светот
-
Огромен пад на гласачите во дијаспората: За референдум се регистрирале 3 проценти од гласачите, а од нив помалку од 1.000 луѓе гласале
-
Пандов: На избирачко место им ги снимавте личните карти и ги објавувавте или тие се од Пустец и не се луѓе?
-
Заврши гласањето во Австралија – излезноста е 7,73%