Амандин Лејно, голманката на Франција, е новото екстра-засилување на ЖРК Вардар, а трансферот во Скопје ќе се случи налето.
Сите детали меѓу двете страни се договорени, па 26-годишната Лејно ќе ја напушти романска Влчеа и доаѓа во Вардар.
„Црвено-црните“ и претходно одлично се подновија за следната натпреварувачка сезона, со ангажманот на Андреа Лекиќ и Јованка Радичевиќ. Се очекува да дојдат и Хрватката Зебиќ и руската ракометарка Хмирова, што дава гаранција за создавање на вистински „дрим-тим“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.