| четврток, 6 декември 2018 |

„Есмералда“ утре репризно на сцената на МОБ

esmeralda

На сцената на Македонската опера и балет, утре, во 20 часот, репризно ќе се изведе балетската претстава „Есмералда“ од Цезар Пуњи. Диригент е Бисера Чадловска, а како солисти ќе настапат Александра Мијалкова, Васил Чичијашвили, Ивана Коцевска, Киро Павлов и Драган Кочовски. Кореографијата е на Михаил Крапивин од Русија, сценографија на Живојин Трајановиќ, а костимографија на Љупка Ристовска.
Сижето на балетската претстава се базира на романот „Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз“ на францускиот писател Виктор Иго, а автор на балетот, Цезар Пуњи, е италијански композитор од романтичарскиот период кој во својот опус брои стотина композиции за балет, симфонии и опери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top