Романот „Види кој се врати“ на германскиот писател Тимур Вермеш, кој „Антолог“ го објави минатата година, трета недела по ред во Британија ги надминува очекувањата на читаност и се најде на првото место на најчитани книги на списанието „Тајмс“ од Лондон (The Times). Претходно во само еден ден од појавувањето на книгата, влезе меѓу топ 40 на британскиот „Амазон“.
Бестселерот за Хитлер кој се буди во Берлин во 2011 година по 70 години сон на англиски е објавен од страна на издавачката куќа „Меклихос прес“ од Лондон, издавач и на Стиг Ларсон во Британија.
Авторот Вермеш гостува низ полустровот, а ефектот е воодушевувачки. Се случува лавина од интервјуа и од книжевни осврти.
Само за потсетување, македонското издание на книгата беше објавено на 15 септември 2013 година и македонската публика можеше да ја прочита книгата на својот јазик пред останатиот Балкан и поголемиот дел од Земјината топка. Македонскиот превод ќе остане забележан како четврт во светот и прв на Балканот, а на годинашниот Саем на книгата во Скопје романот доживеа вистински бум.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Антолог“ ја најави добитничката на наградата „BookStar“ 2018 : Во Скопје доаѓа Славенка Дракулиќ
-
Промоција на книгата „Конзерваторско-реставраторски методи и третмани на Охридската збирка икони“од Ангелина Поповска
-
„Антолог“ објави две обновени лектирни изданија од Александар Кујунџиски
-
„Бележникот на татко ми“ од најтиражниот писател од Холандија – Кадер Абдолах