„Мафиите и босовите не се проблеми со кои се соочуваат луѓето во Јужна Африка, тие, за жал, имаат други, егзистенцијални проблеми“, ова е еден од десетиците добри гафови на лидерот во изминатата година. Лапсузот во психологијата е познат под терминот „фројдовска решка“ и се создава во моментот кога сакате да скриете податок или намера, но потсвесно нешто, едноставно, ве тера да го откриете и извадите од себе. Мешањето на стереотипите за континентите на првиот човек на Бихаќка, пак, неминовно го доближи до неговиот колега од Мала Речица, кој, да бидеме искрени, го погоди континентот. И додека Заев збунето зборуваше за Јужна Африка, мислејќи притоа на Јужна Америка, потсвесно му се доближи на Ахмети, кому, според првиот круг на претседателските избори, омилени му се африканските манири на бојкот на избори затоа што само таму и ги има во изминатата деценија. Разликата е во фактот што лидерот на ДУИ тоа го прави, барем официјално, во име на албанската кауза за т.н. консензуален или, поверојатно, карикатурален претседател, а најавата за непризнавање на изборните резултати на 27 април од скопската уличка, доколку ги има, ќе помогнат во разнебитувањето на каузата, ама македонска, а ќе ѝ помогнат само на грчката. Така, сакале или не, но бојкотот, едниот спроведен – другиот најавен, преку Африка ги спои двајцата лидери.
(Целиот текст можете да го прочитате во најновиот број на неделникот Република (бр.86), кој ќе биде во продажба од утре – петок, 25.04.2014)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.