| четврток, 6 декември 2018 |

Бихаќка за гинис – четврти бојкот во една година?!

Кој губи има право да се лути, но не и да бојкотира резултати од избори. Ова накусо би бил потсмешливиот коментар на најавите за непризнавање на очекуваниот дебакл в недела. ДУИ со бојкотот на претседателските избори на 13 април нѐ смести во друштвото на Брегот на Слоновата Коска и на Гвинеја. СДСМ, пак, со најавата на бојкотот на резултатите нѐ става во харизматичното друштво на Хондурас и на Венецуела. Паралелата што ги зближи Заев и Ахмети е малку и комична – токму лидерот од Бихаќка претходно во интервју ги измеша коцките и зборуваше за Јужна Африка, мислејќи на Јужна Америка. Еден од многуте гафови, но, очигледно, потсвеста му работела. Ова би бил и светски рекорд – четврти бојкот на партија во една година...

Analiza86-1

„Ма­фи­и­те и бо­со­ви­те не се проб­ле­ми со кои се со­о­чу­ва­ат лу­ѓе­то во Јуж­на Афри­ка, тие, за жал, има­ат дру­ги, ег­зи­стен­ци­јал­ни проб­ле­ми“, ова е еден од де­се­ти­ци­те до­бри га­фо­ви на ли­де­рот во из­ми­на­та­та го­ди­на. Лап­су­зот во пси­хо­ло­ги­ја­та е поз­нат под тер­ми­нот „фрој­дов­ска ре­шка“ и се соз­да­ва во мо­мен­тот ко­га са­ка­те да скри­е­те по­да­ток или на­ме­ра, но пот­свес­но не­што, ед­но­став­но, ве те­ра да го откри­е­те и из­ва­ди­те од се­бе. Ме­ша­ње­то на сте­ре­о­ти­пи­те за кон­ти­нен­ти­те на пр­ви­от чо­век на Би­ха­ќка, пак, не­ми­нов­но го доб­ли­жи до не­го­ви­от ко­ле­га од Ма­ла Ре­чи­ца, кој, да би­де­ме искре­ни, го по­го­ди кон­ти­нен­тот. И до­де­ка За­ев збу­не­то збо­ру­ва­ше за Јуж­на Афри­ка, мис­леј­ќи при­тоа на Јуж­на Аме­ри­ка, пот­свес­но му се доб­ли­жи на Ах­ме­ти, ко­му, спо­ред пр­ви­от круг на пре­тсе­да­тел­ски­те из­бо­ри, оми­ле­ни му се афри­кан­ски­те ма­ни­ри на бој­кот на из­бо­ри за­тоа што са­мо та­му и ги има во из­ми­на­та­та де­це­ни­ја. Раз­ли­ка­та е во фа­ктот што ли­де­рот на ДУИ тоа го пра­ви, ба­рем офи­ци­јал­но, во име на ал­бан­ска­та ка­у­за за т.н. кон­сен­зу­а­лен или, по­ве­ро­јат­но, ка­ри­ка­ту­ра­лен пре­тсе­да­тел, а нај­а­ва­та за не­приз­на­ва­ње на из­бор­ни­те ре­зул­та­ти на 27 април од скоп­ска­та улич­ка, до­кол­ку ги има, ќе по­мог­нат во раз­не­би­ту­ва­ње­то на ка­у­за­та, ама ма­ке­дон­ска, а ќе ѝ по­мог­нат са­мо на грч­ка­та. Та­ка, са­ка­ле или не, но бој­ко­тот, ед­ни­от спро­ве­ден – дру­ги­от нај­а­вен, пре­ку Афри­ка ги спои двај­ца­та ли­де­ри.

Republika86-cover(Целиот текст можете да го прочитате во најновиот број на неделникот Република (бр.86), кој ќе биде во продажба од утре – петок, 25.04.2014)

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top