На социјалните мрежи најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ја објави веста дека Јелена е бремена и наскоро ќе станат родители.
– Со мене поминавте многу убави и тешки мигови во кариерата. Не можам да бидам посреќен човек бидејќи имам здравје, љубов и Бог ме благослови радосно со својата Јелена да го очекуваме новиот член на семејството. Јелена е бремена!, напиша Ѓоковиќ на „Твитер“.
Новак и Јелена почнаа да сезабавуваат во 2006 година, а три години подоцна почнаа да живеат заедно. Сместени се во Монте Карло. Тие минатата година ја објавија својата веридба, а свадбата е најавена за летово.
Честитки им стигнуваат од сите страни на светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.