| четврток, 6 декември 2018 |

„Македонска реч“ го објави романот „Мирна улица, дрворед“ на македонски јазик

Mirna ulica, drvored_JPG -predna

Друштвото за издавачка дејност „Македонска реч“ од Скопје неодамна го објави романот „Мирна улица, дрворед“ на хрватската писателка Нада Гашиќ, во превод на Ленче Тосева.

„Мирна улица, дрворед“ е роман кој обединува неколку жанрови, со модернистички и вешт пристап во градбата, и со третирање на современи проблеми. Има хумористични и иронични елементи, испишан е духовито и со уверливи дијалози и псевдодокументарни елементи. „Романот на Нада Гашиќ `Мирна улица, дрворед` ги портретира жителите на една улица и дава ведута на Загреб, град со метрополитска разноликост и со исклучителен  провинцијализам, лицемерие и суровост – толку добро и уверливо што ќе посакате да се иселите од него, и покрај мирот и дрворедот. Сепак, сите градови се слични, животот главно се одвива засолнет во становите. Проблем е кога ’улицата‘ ќе почне да влегува во становите. Без чукање.“ (Круно Локотар)

Кога се појави романот „Мирна улица, дрворед“ во хрватски­те медиуми и помеѓу книжевните критичари владееше недоумица дали станува збор само за „интелигентен крими-роман“ со дотогаш невиден рас­плет, или е само „криминалистички роман кој зборува за премолченото.“ Ова „премолченото“ се однесува на тешкиот период на деведесеттите години во Загреб, за после­диците и причините за подоцнежното однесување на неговите жители во една (мала) маалска улица која по ништо не се разликува од сите слични улици во кој било град. Нејзините жители се креатори, учесници и сведоци на убиствата што се случуваат во само тринаесет дена на врелиот август. Нивното однесување, односи­те, како и траумите се следат преку напнато дејствo, но криминалистичката структура е само маска зад која авторката на провокативен јазик зборува за трауматските проблеми што ја потресуваат не само лажно мир­на­та улица и не само градот за којшто пишува, туку и пошироката заедница.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top