| четврток, 6 декември 2018 |

Лацковиќ: Среќен сум што потпишав со екипа која ќе го нападне самиот европски врв

Хрватскиот ракометар Блаженко Лацковиќ кој е нов член на македонскиот шампион РК Вардар е задоволен од трасферот во Скопје и се надева дека со новиот клуб ќе може да ја нападне европската круна.

– Жал ми е што го напуштам Хамбург и Бундеслигата по толку долго време, но од друга страна сум среќен што ќе дојдам во РК Вардар кој е амбициозен клуб и екипа која следната година ќе го нападне самиот европски врв. Вардар игра во силна лига во Македонија која е држава каде ракометот е спорт број еден. Задоволен сум што ќе работам со тренер како што е Раул Гонзалес – изјави Лацковиќ за официјалниот сајт на РК Хамбург.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top