Партиите и коалициите влегуваат во финишот на изборните кампањи за вториот круг од претседателските и предвремените парламентарни избори што ќе се одржат в недела на 27 април. Остануваат уште три дена од кампањата пред молкот в сабота и неделното гласање.
ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За подобра Македонија“ денеска ќе одржи митинзи во Свети Николе и во Куманово, а посети и средби со граѓаните ќе се организираат во општините Лозово и Чашка.
СДСМ и коалицијата ќе одржи митинзи во Битола и Прилеп, а нејзини претставници ќе ги посетат општините Охрид, Кичево, Струга и Македонски Брод.
ДУИ во пресрет на предвремените парламентарни избори ќе одржи митинг во Гостивар.
Во скопски Чаир, пак, митинг ќе одржи Демократската партија на Албанците.
ВМРО – НП ќе има средби со граѓаните во Битола, а НДМ во скопската општина Центар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.