| четврток, 6 декември 2018 |

Депресијата – втора најчеста болест во Европа

depresija2

Научниците предупредуваат дека до 2020 година депресијата може да биде втора најчеста болет во Европа.

– Депресијата последните години стана сериозна болест и е еден од најголемите социо-медицински проблеми. Тоа е хронична болест, долготрајна, а трошоците за лечење се високи. Депресијата доведува до тешки оштетувања на конгнитивните функции – велат стручните лица.

Психијатрите велат – колку парно се препознае депресијата, толку е поголем успехот во лечењето. Како општество, ние старееме, и затоа може да очекуваме дека ќе има повеќе болни од депресија. Сѐ упатува на тоа дека менталното и неуролошкото пореметување ќе стане најголем здравствен предизвик во 21. век, тврдат автори на една германска студија.

Депресијата е болет која може да се појави во кој било период од животот.

Европјаните сѐ повеќе заболуваат од ментални болести за чие лечење се трошат многу пари. Скоро половина Европјани се жртва на некое ментално пореметување. Дури 165 од 514 милиони секојдневно води битка со депресијата или несоница. Тоа чини околу 370 милијарди евра годишно.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top