| четврток, 6 декември 2018 |

Нова поставка во Музеј на Македонија за прогонетите од егејскиот дел на Македонија

unnamed

Во националната установа Музеј на Македонија, во завршна фаза е проектот за адаптација на изложбениот простор за новата музејска поставка која се однесува на прогонетите од егејскиот дел на Македонија. Завршени се градежните работи, а остануваат уште активностите околу ентериерот, опремата и музејските материјали кои што ќе ја сочинуваат содржината на постојаната поставка по што овој значаен проект кој е поддржан во Годишната програма на Министерството за култура, ќе биде презентиран пред јавноста.
Постојаната музејска поставка “Граѓанската војна во Грција и евакуацијата на децата бегалци” го прикажува историјатот на учеството на Македонците од егејскиот дел на Македонија во Втората светска војна и Граѓанската војна во Грција (1940-1949) и настаните што се одвивале на овие простори.
Преку експонатите, меѓу кои има и фотографии, документи, карти, оружје, лични предмети, одликувања и слично, презентиран е националниот и културниот идентитет на егејскиот дел на Македонија, како и општествениот, економскиот и социјалниот живот на овие простори. Во музејскиот материјал застапени се и револуционерните традиции, а дел од етнолошкиот амбиент е и куќа од егејскиот дел на Македонија, како и автентични народни носии и покуќнина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top