Крилото на Вардар Тимур Дибиров немаше свој ден на мечот во Фленсбург, постигна само три гола од 11 обиди.
– Немав ден на средбата во Фленсбург, ниту јас ниту Душебаев. Но, во Скопје сигурно „ќе ги растуриме“. Тие воопшто немаат претстава каков пекол ги чека тука – вели Дибиров.
Левото крило на Вардар, трипати ја погоди стативата, двапати реализираше од седум метри, но секогаш оптимист, Дибиров смета дека во реваншот поважно е тимот да победи, отколку тој да даде повеќе голови.
– Немав среќа на овој натпревар, но тоа е спортот. Има и вакви натпревари. Сепак најважен е резултатот на екипата, а не моите голови. Ако треба ќе помагам само во одбрана, но важно е да продолжиме понатаму. А таму одат големи екипи, а не големи играчи – смета Дибиров.
Тој со трите гола постигнати во Германија сега има вкупно 69, исто колку и Кирил Лазаров, и останува во Топ-10 на најдобрите стрелци во Лигата на шампионите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


