Демолирани и три штаба на ВМРО-ДПМНЕ во Чаир. Ова е втора партија чии штабови настрадале ноќеска во оваа скопска населба. Биле искршени прозорците и стаклата на влезните врати на штабовите на месните комитети “Рајко Жинзифов” и “Васил Главинов” во населбата Топанско Поле, како и на штабот на месниот комитет „Александар Македонски” во Чаир, објави „Нова Македонија“.
Претходно објавивме дека бил демолиран бил и изборниот штаб на СДСМ во Чаир, каде исто така била причинета материјална штета и биле искршени прозорците.
Полицијата изврши увид и трага по сторителите на овој чин, ко се случува на шест дена до изборите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.