
Политичките партии денеска ја продолжуваат кампањата за предвремените парламентарни избори и за вториот круг од претседателските избори закажани за 27 април.
Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во Ѓорче Петров и во Центар, а средби со граѓани во скопските општини Арачиново, Илинден и Петровец.
СДСМ ќе имаат средби со граѓаните во Кратово, а митинзи во Крива Паланка и во Куманово.
Кандидатите за пратеници на ДУИ ќе одржат митинг во Врапчиште.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


