
Се предвидува нов излез од Аеродром до Центар од булеварот „Асном“ до Скопски Саем четири ленти и мост на Вардар, што ќе биде многу значајно за аеродромци за движење кога одат на работно место во Центар или во Карпош или надвор од Аеродром да имаат уште еден излез да се намали бавното движење на возилата во раните утрински часови кога се оди на работа -истакна вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски пред граѓаните на општина Аеродром.
-На тоа веќе работиме и со градоначалникот на Скопје и со градоначалникот на Аеродром и со здружени сили верувам дека во наредните година ипол две ќе започне овој проект, потенцираше Груевски.
Додаде дека е предвидено наскоро да се заврши и булеварот „Трета Македонска бригада“ кој чини над 2 милиони евра, и дека постои можност и за втора фаза од овој булевар.
-Се предвидува и фекална канализација од булевар Србија до препунктна станица околу 4 километри, прилично скап проект кој вреди 6 до 7 милиони евра. Следниот месец се очекува градоначалникот на Аеродром да го добие изработен проектот за новиот парк наречен „Рајски парк“ овде во Аеродром чија изработка со заеднички капацитети ќе ја започнеме кон крајот на оваа или почетокот на следната година. Со поддршка на Владата и општина Аеродром веќе се гради спортскиот комплекс, новиот спортски комплекс „Јане Сандански“, странска инвестиција со која КК МЗТ Скопје ќе добие најсовремена спортска сала во која ќе ги играат своите натпревари на МЗТ, но ќе играат и ракометарите на ракометниот машкиот и женскиот клуб Вардар, но и многу други натпревари, утакмици, музички настани, фестивали. Тој проект ќе биде завршен некаде на крајот на месец август, нагласи Груевски,
Во новата програма, нагласи е предвидено и доизградба на повеќенаменското спортско игралиште во склоп на ОУ Александар Македонски во населбата Реонски центар. Предвидуваме изградба на уште едно повеќенаменско спортско игралиште во општина Аеродром. Предвидуваме изградба на училишна спортска сала во ОУ Гоце Делчев во населбата Долно Лисиче. Предвидуваме целосна санација на покривот и на подовите во ОУ Лазо Ангеловски во Ново Лисиче. Предвидуваме целосна санација на покривот и на прозорците во ОУ Димитар Македонски во населбата Лисиче. Предвидуваме целосна реконструкција на подовите на ОУ Љубен Лапе во Аеродром, до Воениот Базен. Предвидуваме реконструкција на покривот и санитарните јазли во ОУ Гоце Делчев во населба Горно Лисиче, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој посочи деке е планирана и реконструкција на санитарните јазли во ОУ Блаже Конески во населбата Мичурин, како и голем број на други проекти кои се наоѓаат во програмата „Проверено“ каде што, како што рече, има 2046 проекти кои докажано се реализираат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


