
Во моментот Владата и ВМРО и Коалицијата имаат составено имаат едно силно јадро на исклучително квалитетни луѓе во делот на економијата, но и не само на економијата и во делот на безбедноста и во делот на земјоделието и во делот на сите други сектори во Република Македонија – истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешниот митингот во општина Аеродором.
-Ваква концентрација на искусни, полни со знаење и квалитетни кадри досега на политичката сцена на Македонија немало концентрирани во една Влада. Затоа што ние несебично ги отворивме вратите за најдобрите, да помогнат на Македонија, а со тоа да помогнат и на ВМРО-ДПМНЕ, помагајќи и на Македонија и на Македонскиот народ и на сите граѓани на Р. Македонија. Тоа е најголемата помош за ВМРО-ДПМНЕ, затоа што тоа народот го цени. Секој еден решен проблем, секоја една реформа, секој еден проект, секое едно дело, независно дали го оспорува еден или друг, ако е под раководната палка на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, јасно е дека граѓаните сосема добро знаат од каде доаѓа главната енергија за придвижување на работите, решавање на проблемите и напредокот во Р.Македонија. Затоа ја добиваме довербата и затоа на 27 очекуваме двојна победа, порача Груевски.
Груевски нагласи дека во изминатиот период се работело тимски, односно дека Владата работела заедно со претседателот Иванов, заедно со пратениците, заедно со градоначалниците, градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, градоналникот на Аеродром Ивица Коневски и сите други градоначалници.
-Тоа е нашиот стил на работење, силни индивидуи, а тимско работење. Ако не се силни индивидуите, тимското работење многу нема да помогне. Ако има силни индивидуи, а нема тимско работење тоа е голем хендикеп. Овде имаме фантастичен спој, на силни индивидуи и тимска работа, заклучи премиерот Груевски од говорницата во Аеродором.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


