| четврток, 6 декември 2018 |

Лидерот на СДСМ се закани на Велигден: Ако изгубиме можна е улична демократија

Во интервјуот за радиото „Слободна Европа“ на македонски јазик Заев на прашањето кои опции се во игра за СДСМ вели дека во оптек се сите опции во пресрет на парламентарните избори.

Бојкот, непризнавање на резултатите, улична демократија, опцијата на победа, се варијантите кои што ги споменува Заев.

Тој се надева дека на 27 ќе бидат најизвесните и најдобрите опции за Македонија, таа е таа конечна надеж којашто мора да ја има секој граѓанин на Македонија, а и опозицијата. Шансата е дадена до 27-ми, пред сè на власта, да се отрезни и освести, сè е минливо и менливо. Сепак тој предупредува дека ако ВМРО – ДПМНЕ продолжи со сегашното однесување сите опции меѓу кои и улична демократија се можни.

Оставката од лидерското место во СДСМ не е важна работа , вели Заев која на прашањето дали ќе си даде оставка по изборите вели:
„Зарем тоа е важна работа денеска кога зборуваме за овие работи. Овде сум да се втурнам, да ја зграпчам честа, да покажам поинаква наша Македонија, среќна наша Македонија, земја со иднина, и апсолутно тоа на крај памет во размислување не ми доаѓа што ќе се случува после 27 ако продолжи недвосмислено јасно Македонија да биде втурната во констатирана диктатура, оти досега тоа е само најавена диктатура, може да се случи и констатирана диктатура, забегана работа до крај. Зарем е важно дали Заев ќе биде претседател на опозицијата или не, јас сум целосно растеретен. Оваа партија е голема, има свои органи и тела, после изборите ќе анализира и во случај на победа и во случај на пораз, апсолутно тоа не ме обременува и сум целосно растеретен“, вели Заев за Слободна Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top