| четврток, 6 декември 2018 |

Потрагата по малезискиот авион во „критичен момент“

avion 1

Малезија би можела да ја прошири областа во Индискиот Океан, во која се пребарува авионот кој исчезна пред шест недели, информираше министерот за транспорт Хишамудин Хусеин. Потрагата е во „критичен момент“.

Министерот Хусеин рече дека нема да биде ставен крај на операциите за пребарување на авионот со запирањето на користењето на мала подморница, што треба да се случи следната недела.

– Морам да нагласам дека ова не е запирање на операциите, туку земање в предви и други пристапи, кои можат да вклучат проширување на опсегот на пребарување и користење на други средства кои би можеле да бидат релевантни во операцијата за пребарување – рече малезискиот министер за транспорт. Тој додаде дека за пребарување на подрачјето во океанот би можеле да помогнат и приватни компании, кои имале капацитет за подводно пребарување.

avion 2

Потрагата по исчезнатиот малезиски авион е во „критичен момент“, оцени министерот Хусеин, откако пред два дена австралискиот премиер рече дека подморницата има уште една недела за да ги најде остатоците од авионот во Индискиот Океан.

Австралискиот премиер и’ даде рок од една недела на малата подморница да најде остатоци од авионот

– Пребарувањето денеска и утре е во критичен момент. Се обраќаме до секого ширум светот да се моли да најдеме нешто – рече министерот Хишамудин Хусеин.

Се верува дека авионот, кој исчезна на 08.03.2014 година, се наоѓа во длабочините на водите во западна Австралија. Но, потрагата на мултинационалниот тим не даде резултати. Затоа, австралискиот премиер Тони Абот во четвртокот (17.04.) рече дека има краен рок од уште една недела малата подморница да го лоцира исчезнатиот Боинг 777. Тимот предводен од Австралија сега потпира единствено на малата американска подморница. Таа досега направи шест скенирања во длабочините на океанот, но не откри ништо.

– Тежнеевме кон секоја поврзаност која ни беше презентирана, но со секој изминат ден пребарувањето стана се’ потешко – рече малезискиот министер Хусеин

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top