| четврток, 6 декември 2018 |

Што го прави ВМРО – ДПМНЕ апсолутен фаворит на парламентарните избори?

За најголем дел од економските и политичките аналитичари ВМРО – ДПМНЕ  е голем фаворит на 27-ми април. Тоа го темелат  на понудата која им се дава  на  граѓаните но и на гаранцијата која оваа политичка партија ја дава со отчетноста за работата од изминатите години.

 

За разлика од опозицијата коај нуди црна кампања  и нејасни планови за подобар живот ВМРО – ДПМНЕ  нуди конкретни 64 илјади нови работни места, нови фабрики, зголемување на плати и пензии.

 

Владеачката пратија ВМРО – ДПМНЕ  на овие предвремени парламетaрни избори излегува  со серизона економска програма. Се тврди дека ова е најдобрата, најобемната политичка програма која досега била понудена  за  избори.

 

ВМРО – ДПМНЕ  и на овие избори оди со конкретни проекти  и со конкретни рокови. Па така и во новата програма се  опфатени сите категории граѓани.

 

Во програмата насловена ,,Проверено“, која има  2046 проекти  предвидено е  намалување на ДДВ од 18 %  на 5 % за  набавка на училишен прибор како и бебешките прозиводи.

 

Се предвидува намалување на каматите на проектот „Купи куќа купи стан“, проект во кој  владата помага при отплатата.

 

Студентите ќе имаат бесплатен превоз  во градските автобуси, жичарата на водно како и во железничкиот сообраќај. Во програмата на ВМРО – ДПМНЕ  предвидено е да се зголемоат платите за 21,5  отсто.

 

За примателите на социјалната помош средствата ќе пораснат исто така за 21,5 отсто, а оваа категорија на  луѓе ќе бидат ослободени и од плаќање на радиодифузната такса..

 

Експертите се децидни дека  има голема разлика во политичката понуда на парламентарните избори актуелната владеачка партија ВМРО – ДПМНЕ  и опозициската СДСМ .

 

Политичките аналитичари велат дека уште на стартот јасно е дека стануваа збор за два различни концепти на барање поддршка од гласачите, конкретен со понудени проекти и концепт кој го турка СДСМ, празни ветувања со навреди и омаловажувања и кон потенцијалното гласачко тело.

 

Речиси сите се согласни дека поради својата безидејна програма најголемата опозициска партија на изборите ќе се соочи со тежок изборен пораз.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top