| четврток, 6 декември 2018 |

Граѓаните бираат меѓу програма, отчeтност и проектите на ВМРО ДПМНЕ и гневот и омразата на СДСМ

 

 

 

На овие избори ке се избира помеѓу Груевски и Заев и концептите кои овие две страини ги нудат. Она што за сигурно може да се потврди е дека Груевски и на овие избори главниот адут му е сработеното, проектираните  мерки спроведени во  последните неколку години кои се наведени во отчетот кој се отпечати и се дистрибуираше до граѓаните.

 

Ваквата отчетност е во континуитет и досега беа публикувани три отчети за целиот период на работа на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е главниот темел на кредибилитетот за новата програма која ВМРО ја понуди на овие избори каде се содржани 2046 проекти за чија реализација има конкретни рокови

 

Од друга странам, СДСМ воопшто не понуди програма. На досегашните митинзи ниту Заев, ниту било кој член на раководството на СДСМ не спомена ниту збор за некаков проект кој планира да се реализира.

 

zaev

 

Наспрoти вообичаената пракса секаде во светот опозицијата да е лидер во презентацијата на проекти, кај нас тоа е вледеачката партија , наспроти нервозните реакции на опозицијата.

Своите митинзи Заев ги посветува на постојани воопштени обвинувања и напади на власта.

 

Поседувањето на програма наспроти настапи на гнев и омраза не е единствената крупна разлика пемеѓу Груевски и Заев, туку посветеноста во работата и минатото.

 

Заев го носи товарот на криминалната приватизација, скандали и афери во кој тој и актуелните членови на раководството на СДСМ беа клучните актери во владеењето на Црвенковски и СДСМ.

 

Но тука е и аболицијата на Заев од страна на Црвенковски за криминал од 8 милиони евра, десетици случаи на тендери и афери доделени на негови роднини браќа, братучеди, афери  кои се провлекуваат во неговото управување во Струмица како аферите на останатото раководество на СДСМ.

 

На овие избори се спротивставуваат два концепти, на отчетност и програма  другиот кој не содржи програма, има багаж на афери и криминал  и е насочен кон дискредитација на противникот по секоја цена.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top