
Љупчо Зиков, претседателот на Алијанса за позитивна Македонија, ги посети пазарџиите на зеленото пазарче во Скопје. Тој укажа дека кампањата на Коалицијата за позитивна Македонија (КПМ) е различна од другите и работи на тоа да се искорени говорот на омраза на политичката сцена и да се води една позитивна и фер борба за време на изборите.
Од КПМ велат дека за време на кампањата прошетале повеќе од 30 пазари и посетиле неколку поголеми и помали фарми и затоа предвидуваат решение за проблемите за цената и пласманот на производите.
– Дојдовме до заклучок дека во последните години цената на производите е депласирана. Еве, на пример, на вакво лошо време, пазарџиите ќе си одат дома со максимум 150 денари заработка. Во програмата на КПМ има решение за овој проблем, а тоа е државна компанија за извоз. Оваа компанија ќе има за цел да ги откупува производите на земјоделците по продажна цена, да ги пакува и да ги извезува на европскиот пазар. Да не дозволиме на пример хрватска компанија да ги откупува пиперките во Струмица и на својот домашен пазар да ги претставува како свои – истакна Зиков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


