| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел: Русија има најголема одговорност за смирување на ситуацијата во Украина

Angela Merkel in Griechenland höchst unbeliebt

Германската канцеларка Ангела Меркел му порача на рускиот претседател Владимир Путин дека Русија ја има „најголемата одговорност“ за смирување на ситуацијата во Украина, изјави денеска портпаролот на Владата на Германија, Георг Штрајтер.

– Силното присуство на руската армија на границата со Украина и провокативниот говор на руските државни медиуми, кои се гладаат во источна Украина, се дестабилизирачки фактор. Двете работи проруските сепаратисти ги сфаќаат како знак дека Москва го поддржува нивното вооружено востание – посочи Штрајтер.

Во меѓувреме германското Министерство за одбрана соопшти дека Германија се вклучува во акцијата на НАТО за зајакнување на безбедноста на источните граници на алијансата.

Германија во операцијата ќе учествува со брод и шест авиони-ловци, кои ќе патролираат во и над Балтичко Море.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top