Поради превртен камион-мешалка за цемент на планинскиот превој Плетвар, кај селото Ракле, има огромна колона на патот Прилеп – Росоман, па поради тоа во место стои и возило на Брза помош од Битола, кое треба да превезе дете со внатрешно крвавење во Скопје, јавува „Револуционер“.
Заглавен е и автомобил од Прилеп кој треба да превезе повреден прилепчанец на Клинички во Скопје.
Застојот на Плетвар трае три часа, а можно е да трае уште два часа, вели возач кој е заглавен во колоната.
Поради ниската температура, утрово на некои места низ земјата, меѓу кои и на планинскиот превој Плетвар, имаше врнежи од снег.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сред сезона во Охрид: Два лекари и три сестри, единствениот медицински персонал во Брзата помош
-
Мермерен блок од 20 тони падна на патот кај Плетвар
-
Тешка сообраќајка, возило излета од патот кај Плетвар
-
Нема греење, ниту му работи светлосната сигнализација: Во Струга едно болничко возило за 60 илјади жители