| четврток, 6 декември 2018 |

Превртен камион на Плетвар – Брза помош не може да однесе дете во Скопје

pletvar sneg

Плетвар утрово

Поради превртен камион-мешалка за цемент на планинскиот превој Плетвар, кај селото Ракле, има огромна колона на патот Прилеп – Росоман, па поради тоа во место стои и возило на Брза помош од Битола, кое треба да превезе дете со внатрешно крвавење во Скопје, јавува „Револуционер“.

Заглавен е и автомобил од Прилеп кој треба да превезе повреден прилепчанец на Клинички во Скопје.

Застојот на Плетвар трае три часа, а можно е да трае уште два часа, вели возач кој е заглавен во колоната.

Поради ниската температура, утрово на некои места низ земјата, меѓу кои и на планинскиот превој Плетвар, имаше врнежи од снег.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top