| четврток, 6 декември 2018 |

Тешка сообраќајка, возило излета од патот кај Плетвар

Околу 14.40 часот на патот Прилеп-Градско, кај влезот за Плетвар, патничко возило „рено“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 58-годишниот Н.Н. од Кавадарци, излетало од патот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.Н., додека сопатничката, 56-годишната Р.Н. од Кавадарци се здобила со телесни повреди.

На двајцата им била укажана лекарска помош во Градската болница Прилеп.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top