Голема изложба на колажи на францускиот сликар Анри Матис, која опфаќа 130 дела од последната фаза од неговото творештво, ќе биде отворена в четврток, 17 април, во лондонскиот музеј „Тејт модерна“.
На изложбата ќе бидат прикажани колажи кои Матис, еден од најголемите уметници на 20 век, почнал да ги создава во доцните години, а првпат во Велика Британија ќе бидат прикажани четирите сини акти кои ги создал во 1952 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.