Носителот на кандидатската листа за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за ИЕ 6, Никола Попоски, денеска ги посети селата Урвич и Јеловјане, кои се наоѓаат во рамки на општина Боговиње.
Тој, во овие села, населени со Македонци со исламска вероисповед ги истакна соживотот и мултуконфесионалната традиција на Македонија и им укажа дека ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува и почитува сите граѓани на нашата држава притоа споменувајќи ги проектите во новата партиска програма, кои ке значат подобрување на квалитетот на живот во овие рурални средини и ќе го спречат иселувањето на младите од земјава. Во таа насока тој ги спомена и најавените инвестиции во ТИРЗ Тетово.
Граѓаните на Урвич и на Јеловјане го запознаа носителот Попоски со предизвиците со кои се соочуват како што е асфалтирањето на патот меѓу двете села и санирање на лизгарот над Јеловјане.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.