
Што предвидуваа агенциите за испитување на рејтингот и колку беа блиску до тоа што реално се случи на вчерашните претседателски избори? По завршувањето на првиот круг од претседателските избори и по добивањето на резултатите од ДИК може да се види и прецизноста на агенциите за рејтинг. Институтот „Павел Шатев“ спроведе анкета во периодот меѓу 2 и 5 април. Таа анкета е многу блиску до резултатите што ги добивме по првиот круг од овие избори.
Институтот „Павел Шатев“ прогнозираше огромна предност на претседателот Ѓорге Иванов.
Зад актуелниот шеф на државата застанале 29,8 проценти од испитаниците, а зад кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски, 16,2 проценти. Зоран Поповски од ГРОМ има поддршка од 2,1 проценти, а Илијаз Халими од ДПА 6,9 проценти – велеа од „Павел Шатев.
Еве ги нивните прогнози според спроведената анкета:

Што реално се случи?
Иванов доби 448.304 гласа или 51,64 процент од гласовите, Пендаровски 326.069 или 37,56 проценти од гласовите.
„Рејтинг“ со сосема погрешни прогнози
Што е со резултатите на агенцијата „Рејтинг“? Оваа агенција најавуваше победа на Стево Пендаровски давајќи му мала предност пред Иванов. Според агенцијата на Ѓорги Спасов, Пендаровски уживаше најголема доверба кај граѓаните.
– Стево Пендаровски ужива најголема доверба кај граѓаните, а по него се Иванов, Халими и Попоски. На прашањето за кој претседателски кандидат ќе гласате во првиот круг од претседателските избори, 36,9 проценти се изјасниле за Пендаровски од СДСМ, 35,1 проценти за Ѓорѓе Иванов од ВМРО-ДПМНЕ, стоеше во анкетата на „Рејтинг“ направена за потребите на неделникот „Фокус“.
Резултатите по првиот круг покажуваат дека „Рејтинг“ понуди сосема погрешни прогнози. Со ова се доведува во прашање нивната компетентност да спроведуваат вакви анкети. Познавачите на состојбите на синоќешните гостувања во отворените студија во телевизиите коментираа дека грешката на „Рејтинг“ е толку голема што агенцијата треба да размисли да ја врати лиценцата за работа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


