Охридските социјалдемократи ја исклучија од партијата потпретседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, Др. Јованка Точко, обвјавува локалниот охридски портал, Охрид 1.
„Општинската организација на СДСМ , вчера ја исклучи од членство во партијата Др. Јованка Точко , откако се обелодени дека таа е носител на листата на советници на ОК на ВМРО- ДПМНЕ од Охрид , за престојните локални избори.“ – стои во партиското соопштение кое го лиферувала општинската организација на СДСМ во Охрид до локалнтие медиуми.
Името на Јованка Точко, која е и носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид се наоѓа и на потпретседателското место на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во градт, па оттаму нејасно е како СДСМ ја исклучил од членството, ако таа веќе има повисока партиска функција во охридскиот огранок на владејачката партија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.