| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ ја исклучи од партијата потпретседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

Името на Јованка Точко, која е и носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид се наоѓа и на потпретседателското место на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во градт, па оттаму нејасно е како СДСМ ја исклучил од членството, ако таа веќе има повисока партиска функција во охридскиот огранок на владејачката партија

sdsm
Охридските социјалдемократи ја исклучија од партијата потпретседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, Др. Јованка Точко, обвјавува локалниот охридски портал, Охрид 1.

„Општинската организација на СДСМ , вчера ја исклучи од членство во  партијата Др. Јованка Точко , откако се обелодени дека таа е носител на листата на советници на  ОК на ВМРО- ДПМНЕ од Охрид , за престојните локални избори.“ – стои во партиското соопштение кое го лиферувала општинската организација на СДСМ во Охрид до локалнтие медиуми.

Името на Јованка Точко, која е и носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид се наоѓа и на потпретседателското место на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во градт, па оттаму нејасно е како СДСМ ја исклучил од членството, ако таа веќе има повисока партиска функција во охридскиот огранок на владејачката партија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top