Изборни резултати и рејтинг-анкети – по завршувањето на првиот круг од претседателските избори може да се види и прецизноста на агенциите за рејтинг. Бројките покажуваат дека реалната слика најдобро е отсликана во резултатите на анкетите кои ги спроведуваше Институтот „Димитрија Чуповски“. По вчерашнот прв круг, во кој претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов, освои 122.000 гласа повеќе од противкандидатот Стево Пендаровски, поддржан од СДСМ, се покажа дека овој Институт излезе со најверодостојни и најрелевантни податоци.
Интитутот „Димитрија Чуповски“ на трети април објави анкета според која коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, имаше убедлива предност. Таа анкета најави двојна победа на претстојните парламентарни избори. Кога станува збор за претседателски избори, „Димитрија Чуповски“ предвидуваше убедлива победа на Иванов. Резултатите се јасни – Иванов 448.304 гласа или 51,64 процент од гласовите, Пендаровски 326.069 или 37,56 проценти од гласовите.
Еве ги резултатите од трети април:
Резултати по првиот круг според ДИК:
– Актуелниот шеф на држават и кандидат за втор претседателски мандат, Ѓорге Иванов, има речиси двојна предност во однос на Стево Пендаровски. Дека својот глас ќе го дадат за Иванов во првиот круг одговориле 30,2 проценти од испитаниците, додека за Пендаровски 16,1 проценти, стоеше во анкетата на „Димитрија Чуповски“.
„Рејтинг“ со тотално утнување
Што е со резултатите на агенцијата „Рејтинг“? Оваа агенција најавуваше победа на Стево Пендаровски давајќи му мала предност пред Иванов. Според агенцијата на Ѓорги Спасов, Пендаровски уживаше најголема доверба кај граѓаните.
– Стево Пендаровски ужива најголема доверба кај граѓаните, а по него се Иванов, Халими и Попоски. На прашањето за кој претседателски кандидат ќе гласате во првиот круг од претседателските избори, 36,9 проценти се изјасниле за Пендаровски од СДСМ, 35,1 проценти за Ѓорѓе Иванов од ВМРО-ДПМНЕ, стоеше во анкетата на „Рејтинг“ направена за потребите на неделникот „Фокус“.
Резултатите по првиот круг покажуваат дека „Рејтинг“ понуди тотално погрешни прогнози. Со ова се доведува во прашање нивната компетентност да спроведуваат вакви анкети. Познавачите на состојбите на синоќешните гостувања во отворените студија во телевизиите коментираа дека утнувањето на „Рејтинг“ е толку големо што агенцијата треба да размисли да ја врати лиценцата за работа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.