Веб-страницата на официјалниот весник на рускиот парламент била цел на хакерски напад, јави ИТАР-ТАСС.
Упадот на веб-сајтот на „Парламентскаја газета“ бил извршен вчера околу 15 часот по московско време. Тој бил цел на т.н. дистрибуиран напад за одбивање услуги (ДДОС).
Како резултат на нападот на страницата се појавиле наводни информации од името на Федералното собрание на Русија што не одговараат на реалноста.
Страницата сѐ уште не функционира нормално.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



