| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Има разлика – Иванов 437.109, Пендаровски 317.320

Pretsedatelski pobeda VMRO 01 (Custom)

Денеска Македонија покажа дека има разлика и дека народот точно ја препознава разликата. Ова е недвосмислено изразена волја на граѓаните, која покажува какви вредности поддржува и дека поддржува труд, работа, чесен живот кон народ и работа, одговорност, посветеност кон целите на довербата. Ние сме благодарни, и тоа ни дава ветар во грб за целта на 27 април, како за избор на претседател, така и за добивање 62 места во парламентот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонијa, посочи Никола Груевски во обраќањето вечерва.

Според него, разликата се гледа во гласовите. По обработени 98,12 проценти од гласовите, Иванов има освоено 437.109 гласа, а Пендаровски 317.320 гласа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top