По завршувањето на првиот круг од претседателските избори странските медиуми кои известуваа со разни наслови: Македонија избира претседател, Изборите ја делат Македонија, Актуелниот претседател бара втор мандат.
Српскиот весник „Вечерње новости“ ја објаснува постапката за избор на претседател, наведувајќи дека вториот круг ќе се одржи истовремено со предвремените парламентарни избори.
Бугарската агенција „Фокус“ објави дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов, го доби првиот круг од изборите, a „Дојче веле“ дека изборите ја поделија Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


