| четврток, 6 декември 2018 |

Милошоски: Од утре не очекува многу работа за уште една победа

miloskoski-bt500

Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓе Иванов е во водство од над 20.000 гласови во петтата изборна единица.
Победивме убедливо во Кичево, Охрид, Ресен, Струга, Крушево, Демир Хисар. Битола победи заедно со претседателот Иванов, изјави вечерва Антонио Милошоски носител на листата во 5 изборна единица за парламентарните избори.

Според него ова покажува дека партијата, нејзините членови, претставници, месни комитети, Унијата на млади сили, Унијата на жени, Советот на ветерани, сите заедно уживаат голема доверба и оти ги очекува и голема обврска.

– Сметам дека овој прв изборен круг е само навестување дека во вториот изборен круг и парламентарните избори, ние ќе добиеме 11 пратеници од петтата изборна единица во македонското Собрание. Од утре не очекува многу работа за уште една победа на 27 април, за подобра и напредна Македонија, изјави Милошоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top