„Недела, 13 Април 2014, Ти и Твојата фамилија кажете им НЕ на преседателските избори. Не излегувајте да гласате, НЕ ИЗЛЕГУВАЈ, НЕМАШ ЗА КОГО ДА ГЛАСАШ! ”
Ваква порака пристигала на мобилните телефони на многу граѓани со името „BDI“, додека бројот од каде била пратена пораката бил скриен. Фотографијата со содржината на оваа СМС порака која наводно пристигнала до сите вработени во државната администрација од албанска националност ја објави „Нова“.
Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи негира дека оваа порака е пратена од ДУИ.
„Пораката не е пратена од партијата, немам информација кој го пратил, но мислам дека Албанците нема да излезат на избори на кои нивниот глас е само декор”, рече Османи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


