| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа – водство во над 25 општини

VMRO-SKOPJE-4

Владимир Ѓорчев истакна дека ВМРО-ДПМНЕ и Ѓорге Иванов водат со убедлива победа во над 25 општини низ Македонија, пред СДСМ и Стево Пендаровски.
Како што нагласи разликата во Штип е 11.300 наспроти 7.300 за Иванов, во Охрид 12.00 наспроти 7.000, убедливи 2:1, односно 20.000 наспроти 10.000 во Гази Баба.

Во општина Аеродором разликата е 16.000 наспроти 13.000 гласови за Иванов и ВМРО-ДПМНЕ, во Велес убедливо водство од 16.000 8.000. Во Свети Николе 5.000 наспорти 2.400, во Горче Петров 11.000 наспорти 9.000, Крива Паланка 6.300 наспроти 4.200, Сопшите 1500 наспроти 710, општина Илинден 6.000 наспроти 2.500, Битола 23.700 –наспорти 20.300

И во Кичево, нагласи Ѓорчев, ВМРО-ДПМНЕ и Иванов водат со убедливи 2:1, со 4.500 наспорти 2.300, како и во Пробиштип со 5.700 наспроти 2.500. Во општина Петровец Иванов води со 2.832 наспроти 1.311 гласови, Кавадарци 10.000 наспроти 6.000, Могила 2.100 наспроти 1.300, Василево убедлива разлика од 2:1, односно 4.000 наспроти 2.000. Во Градско 1.151 на 675 за Ѓорге Иванов, Росоман 1.371 наспроти 776, Зелениково 802 наспроти 373, Зрновце 1.026 наспроти 402, Гевгелија 8.000 наспроти 5.904.

Во Неготино повеќе од убедлива победа за Иванов со 6.440 наспроти 4.137, Готивар убедливо 2:1, односно 4.100 наспроти 2.700.

Горчев посочи дека Република Македонија заедно со граѓаните од дијапосрата, според досега обработените 79 проценти од гласовите, Иванов освоил 381.000 наспорти Стево Пендаровски кој има освоено 273.000 од гласовите, што какошто нагласи Ѓорчев е водство од над 100.000 гласови разлика за ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top