
Стевчо Јакимовски им честиташе на кандидатите што продолжуваат во вториот круг и за досегашното воедење на изборната кампања.
– ГРОМ покажа дека е играч на политичката сцена и, се разбира, продолжуваме понатаму – изјави вечерва кандидатот за претседател на ГРОМ Зоран Поповски. Стевчо Јакимовски, лидерот на оваа партија, им честиташе на кандидатите што продолжуваат во вториот круг и за досегашното воедење на изборната кампања. Според него, негативна дамка е големиот број неважечки ливчиња.
– Тоа е несвојствено, но е симптоматично тоа што на најголемиот број неважечки ливчиња се заокружени кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓе Иванов и на ГРОМ Зоран Поповски – рече Јакимовски.
Тој посочи неколку избирачки места како што е во Злетово, каде што од 22 неважечки на 16 се заокружени Иванов и Поповски, потоа на избирачкото место 1565 од 26 на 22 се заокружени Иванов и Поповски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


