
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев претпладнево гласаше на Избирачкото место во основното училиште „Никола Вапцаров“ во Струмица.
По гласањето, Заев посака фер и демократски избори.
– Посакувам денеска да добиеме сите со тоа што ќе имаме фер и демократски избори. Само на тој начин, сите граѓани на Република Македонија, како и ние политичарите, ќе славиме победа за нашата Македонија.
Тој изрази надеж дека изборниот процес ќе продолжи мирно, во фер и демократска атмосфера.
– Сите граѓани на нашата земја да одлучат кого ќе го испратат во вториот изборен круг, како кандидат за претседател на државата – порача лидерот на СДСМ, Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


