| четврток, 6 декември 2018 |

Поповски: Нека победи најдобриот

Zoran Popovski Pretsedatelski izbori prv krug 2014 (Custom)

Претседателскиот кандидат на ГРОМ Зоран Поповски, придружуван од своето семејство, гласаше во основното училиште „Братство“ во Тафталиџе.

– Очекувам коректни, фер избори и се надевам дека нема да има притисоци врз личниот избор на граѓаните. За мене и за моето семејство ова е, навистина, посебен ден зашто мојот син првпат го остварува своето право на глас. Можам само да посакам да победи најдобриот, тој за кого граѓаните најмногу ќе гласаат и се надевам дека до крајот на денот нема да има никакви недоразбирања и проблеми – рече Поповски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top