| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов: Да покажеме дека Македонија функционира демократски

Gjorgji Ivanov Pretsedatelski izbori prv krug 2014  (1) (Custom)

Актуелниот претседател на Република Македонија, Ѓорги Иванов, денескана пладне заедно со сопругата Маја и синот Иван гласаше на избирачко место 2.859 во скопската гимназија „Јосип Броз – Тито“.

Иванов изјави дека очекува сите граѓани на Република Македонија да го направат тоа, да излезат на изборите и зад себе да остават едни успешни избори, за, како што рече, да покажеме дека Македонија функционира демократски со целиот свој кредибилитет и капацитет.

– По изборите очекуваме да продолжиме со остварување на нашите стратегиски цели, да работиме на просперитетот на Република Македонија и на секој нејзин граѓанин – изјави Иванов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top