
Панични СМС биле испраќани од раководството на СДСМ до членовите на партијата. Раководството на опозицијата реагирало жестоко на обидот да се крене голема врева околу мастилото со кое се обележуваат гласачите на изборните места, дознава „Нетпрес“ од партиски извори.
– Не занимавајте се со мастилото, Рилковски го набави. Подобро ќе ви биде да ги вадите нашите на гласање – стои во пораката што се испраќала циркуларно до сите пониски слоеви во партијата, а до која дојде „Нетпрес“.
Понатаму е наведено:
„Видливото мастило е составен елемент во заедништво на сите потребни елементи во процесот на гласање, кои гарантираат еден граѓанин, еден глас, тајност на гласањето и регуларност на гласањето. Сите членови строго да ги почитуваат партиските задачи и да се насочат на вадење на гласање на сите наши гласачи, место на бришење на видливото мастило.
Со почит,
Шеф ЦИС
Оливер Спасовски“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


