
Денеска го остварив моето гласачко право. Задоволен сум што досега, до 15 часот изборите се одвиваат во фер и демократска атмосфера и нема никакви посериозни нарушувања на изборниот циклус, изјави премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, откако гласаше во училиштето „Кузман Јосифовски-Питу“ во населбата Кисела Вода.
– Се надевам дека така ќе остане и до крајот на денот и дека граѓаните ќе си го кажат своето мислење и ќе гласаат за тој што сметаат дека е подобар за Република Македонија, за наредните пет години да биде претседател на државата – додаде
Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




