
Изборни инциденти, нерегуларности, притисоци – објавуваат дел од медиумите неколку часа по почетокот на Изборите на кои се бира претседател на Македонија. Но ваквите информации објавени во дел од медиумите се демантирани од официјални државни органи овластани да го седат гласањето.
Според ДИК изборите течат во демократска атмосфера, мирно и без никакви проблеми, потврдуваат од ДИК.
– Засега не се забележани нерегуларности и се тече според предвиденото. Oтворени се сите избирачки места во 7 часот, нагласи на денешната прес-конференција портпаролот на ДИК Билјана Јовановска.
Дали, со пласирање на невистини и шпекулации некој се обидува да прикрие пораз? Дали дел од медиумите преку пласирање на информации за нерегуларности сакаат на одредена политичка партија, која е свесна дека ќе ги изгуби изборите, да и даде покритие за поразот што ќе го доживее на овие избори? Со известување спротивно на она што официјално го соопштуваат официјалните институции, тие се обидуваат да наметнат мислење дека изборите одредена партија ги губи поради нерегуларности, а не поради низок рејтинг на таа партија и нејзиниот кандидат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


